Економија Во Македонија работат 150 германски компании

Во Македонија работат 150 германски компании

Бројот на германски компании што работат во Македонија изнесува 150 и од 2000 година досега, таа бројка е зголемена 10 пати.

– Билатералната трговска размена од околу 2,4 милијарди евра во 2014 година многу бргу се зголемуваше и претпоставувам дека оваа сума ќе продолжи да се зголемува. На тој начин, Германија останува најважниот трговски партнер на Македонија. Македонија меѓу германските претпријатија важи за добро место за инвестирање, а 85 проценти од германските претпријатија што работат овде, повторно би инвестирале во земјава – изјави германската амбасадорка, која присуствуваше на прославата на 15-годишното работење на Македонско-германското стопанско здружение и Германска стопанска комора во Македонија.

Здружението за овие 15 години прерасна во најголемо билатерално здружение со 185 компании-членки.