Хроника Во Кумановско пронајдена муниција од Втората светска војна

Во Кумановско пронајдена муниција од Втората светска војна

Вработен на фирмата „Вибе“, во средата оваа недела, во кумановската полиција пријавил дека пронашол минофрлачки мини, зрна од топовска граната, запалки за гранати и куршуми, со потеко од Втората светска војна, информира полицијата.

Муницијата била пронајдена при ископ за пруга на потегот од Куманово кон индустриската зона „Бедиње“.

Како што информираат од полицијата, станува збор за 18 минофрлачки гранати, четири зрна од топовска граната, осум запалки за гранати и за два противавионски куршуми, сите од времето на Втората светска војна.

Предметите биле подигнати од екипа на Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.