Македонија Во ковид центрите во земјава се лекуваат 1.296 пациенти, позитивни и суспектни...

Во ковид центрите во земјава се лекуваат 1.296 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19

Фото: Арбнора Мемети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштија од Министерството за здравство. 

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 818 пациенти. Според извештаите на дневна основа, министерството информира дека во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип 55 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 118 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има 110 пациенти, во Прилеп 128, во Гостивар 71, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 36 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. 

„Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираа од ова министерство.