Македонија Во ковид центрите се лекуваат 806 пациенти, има слободни 864 болнички легла

Во ковид центрите се лекуваат 806 пациенти, има слободни 864 болнички легла

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 806 и има околу 864 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 466 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 55 пациенти, во Прилеп 40, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 10, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 340 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени пациенти и 2 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за детски болести имало еден прием. На Институтот за физикална медицина немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 112 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19 вирусот, а на ГАК нема позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 7 болни.

Вкупно 340 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот во ковид центрите во Скопје имало 330 слободни места.