Македонија Во комби пронајдени тројца мигранти од Авганистан, полицијата трага по возачот

Во комби пронајдени тројца мигранти од Авганистан, полицијата трага по возачот

Екипа на неготинската сообраќајна полиција вчераноќ кај тунелите во Демир Капија запрела возило во кое, засега непознато лице превезувало тројца мигранти од Авганистан.

Како што информираат од МВР, возачот на комбито, марка „мерцедес“, со бугарска национална ознака, не застанал на знакот на полициските службеници и продолжил со движењето, а по околу 500 метри го запрел возилото и се дал во бегство. При проверката, полицајците внатре ги затекнале тројцата мигранти.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на комбито.