Свет Свет Во Јордан полицаец уби двајца Американци и еден Јужноафриканец

Во Јордан полицаец уби двајца Американци и еден Јужноафриканец

Јордански полицаец денеска отворил оган во американскиот центар за обука во предградие на градот Аман, при што убил двајца Американци и еден Јужноафриканец, пред да биде убиен, соопшти Мохамед Момани, портпарол на јорданската влада.

Момани за новинската агенција „Петра“ изјавил дека уште двајца државјани на САД и четворица државјани на Јордан биле ранети за време на нападот, додавајќи дека еден од повредените се наоѓа во критична состојба.

Истрагата за инцидентот е во тек.