Македонија Во изминатото деноноќие 27 лица не го почитувале полицискиот час, 18 се...

Во изминатото деноноќие 27 лица не го почитувале полицискиот час, 18 се приведени

Во текот на изминатото деноноќие, 27 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, на 44 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 потпишале изјави за самоизолација.

Полициските службеници извршиле контроли кај лицата во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица ја прекршиле мерката за самоизолација.