Свет Европа Во Истанбул уапсени 40 странци поради поврзаност со ИД

Во Истанбул уапсени 40 странци поради поврзаност со ИД

Припадниците на турската антитерористичка полиција во Истанбул уапсиле 40 странски државјани поради сомневање дека се поврзани со Исламска држава.

Како што јави турската државна агенција „Анадолија“, полицијата извела симултани акции на 23 адреси во истанбулскиот конзервативен кварт Фатих.

Во акцијата се уапсени државјани на Авганистан, Азербејџан, Иран и на Ирак.

Некои од уапсените осомничени лица повеќепати оделе во војна во Сирија.