Свет Во Индија 17 лица починале од труење со ракија

Во Индија 17 лица починале од труење со ракија

Седумнаесет лица починале, додека десетина се борат за живот во Северна Индија, откако пиеле отровна домашна ракија, соопшти полицијата.

Откако ја испиле ракијата, жртвите почнале да повраќаат, имале силни болки во стомакот и поматен вид, соопшти полицијата во државата Утар Прадеш.

– Седумнаесет лица починаа од петокот навечер, а 12 се наоѓаат во болница и се во многу лоша состојба – изјавил полициски службеник, додавајќи дека локалниот продавач е уапсен во саботата вечерта и дека тој, најверојатно, измешал некакви хемикалии во пијалакот.

Стотна сиромашни луѓе секојдневно умираат во Индија од труење со алкохол, поголемиот дел од нив од евтина ракија.