Свет Балкан Во Грција уапсен Македонец кој криумчарел мигранти

Во Грција уапсен Македонец кој криумчарел мигранти

Грчката полиција во Серес уапси Македонец по кој се трага за криумчарењње бегалци од Грција преку Македонија кон Србија. Против уапсениот 30-годишен македонски државјанин има потерница од македонскиот Интерпол.

Според потерницата на Интерпол, Македонецот се товари за учество во организирана мрежа која пренесувала нелегални мигранти од Гевгелија, односно од грчко-македонската граница кон Србија во периодот од јануари до октомври 2014.

Уапсениот ќе одговара пред обвинителството во Солун, каде треба да се одреди процедурата за негова екстрадиција во Македонија.