Свет Европа Во Германија се одржуваат парламентарни избори, излезноста поголема од 2013 година

Во Германија се одржуваат парламентарни избори, излезноста поголема од 2013 година

Во Германија денеска се одржуваат парламентарни избори за 19. состав на Бундестагот. Анкетите се во прилог на актуелната канцеларка Ангела Меркел, која доколку победи, може да добие четврти мандат.

Право на глас имаат 61,5 милиони луѓе, а првите резултати ќе бидат познати по затворањето на избирачките места во 18 часот.

Излезноста во многу избирачки места е поголема од минатите избори во 2013 година. Околу пладне, во Минхен таа изнесувала 57 отсто, во Хамбург – 37 отсто, а во Нирнберг – 29,6 отсто. Германската канцеларка Ангела Меркел, заедно со сопругот, гласаше во Берлин.

Еден ден пред изборите, на Меркел и на уште неколку политичари им беа испратени писма со заканувачка содржина.