Свет Европа Во Германија годинава пристигнале повеќе од еден милион азиланти

Во Германија годинава пристигнале повеќе од еден милион азиланти

Германија до крајот на годинава ќе регистрира околу 1,09 милиони азиланти, пренесе денеска весникот „Зексише цајтунг“, повикувајќи се на необјавена владина статистика.

Бројот е во согласност со очекувањата на германските претставници. Локалните власти се соочени со проблемот на згрижување на голем број луѓе кои бегаат од судирите на Блискиот Исток и во Африка.

Германското МВР засега не ја коментира информацијата.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) претходно соопшти дека повеќе од еден милион мигранти и бегалци го минале Средоземно Море и влегле во Европа во 2015 година.