Свет Во Флорида напаѓач пукал во болница, двајца загинати

Во Флорида напаѓач пукал во болница, двајца загинати

Непознат напаѓач отворил оган во болница во градот Титусвил, во американската сојузна држава Флорида, и убил две лица, соопштија локалните власти.

Како што пренесуваат американските медиуми, тој убил постар пациент и болничарка во медицинскиот центар „Пери“.

Полицијата соопшти дека засега мотивот за убиството е непознат. Инцидентот се случил на третиот кат во медицинскиот центар. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го уапсила напаѓачот и дека истрагата е во тек.