Свет Балкан Во експлозија во Турција, повредени 15 лица

Во експлозија во Турција, повредени 15 лица

Најмалку 15 лица се повредени во експлозија во турскиот град Дијарбакир, пренесуваат медиуми.

Миниран автомобил експлодирал во централниот дел на градот Дијарбекир, на југоистокот на Турција, соопшти телевизијата НТВ. На местото на несреќата стигнале возила на итна помош, кои ги хоспитализираат повредените.

Според прелиминарните податоци, мета на нападот биле полицајци кои се возеле во службено возило.
Во Дијарбекир веќе неколку месеци се води операција против Работничката партија на Курдистан, која е забранета во Турција.