Свет Свет Во експлозија во Нигерија, најмалку 32 жртви

Во експлозија во Нигерија, најмалку 32 жртви

Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 80 се ранети во експлозија на пазар во нигерискиот град Јоли, јавија светските агенции.

Сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека е виновна терористичката група Боко харам.