Свет Балкан Во експлозија во фабрика во Турција, 29 лица се повредени

Во експлозија во фабрика во Турција, 29 лица се повредени

Најмалку 29 работници се повредени во експлозија што денеска одекнала во текстилна фабрика во северозападниот турски град Черкези, јавува телевизијата „Си-ен-ен Турк“.

Според информациите на телевизијата НТВ, експлозијата била последица на истекување токсични хемиски супстанции, а 29 работници се хоспитализирани.

Во регионот се испратени противпожарни екипи, полиција и возила на брза помош.