Свет Европа Во Егејско Море се удавија 10 лица од кои пет деца

Во Егејско Море се удавија 10 лица од кои пет деца

Најмалку десет бегалци, меѓу кои пет деца, се удавија кога нивниот брод потонал во Егејско Море, додека се обидувале да стигнат од Турција во Грција.

Турската новинска агенција „Доган“ јави дека од бродот се спасени 43 лица.

Бегалците тргнале од провинцијата Чанак-кале, спрема грчкиот остров Лезбос.

Во Турција се наоѓаат 2,2 милиони бегалци од Сирија, а според податоците на Организацијата за миграција на Обединетите нации, повеќе од еден милион бегалци пристигнале во Европа по морски пат.