Македонија Во еден ден регистрирани 398 нови ковид-случаи, починале четири лица

Во еден ден регистрирани 398 нови ковид-случаи, починале четири лица

Фото: Министерство за здравство

Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на ковид-19, информираат надлежните. Во Скопје има 136 нови случаи, во Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти, а пријавени се четири починати лица, три од Куманово (на возраст од 29, 49 и 74 години), како и еден случај од Гостивар (на 78 годишна возраст), сите починати во болнички услови.

„Во последното деноноќие направени се 6.383 тестови, а досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994“, информираат во Министерството за здравство.