Видео Во две експлозии во Багдад загинаа 80 лица

Во две експлозии во Багдад загинаа 80 лица

Во две експлозии во Багдад загинаа 80, а ранети се 160 лица, јавува „Раша тудеј“. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем.

Портпаролот на ирачката полиција, Саад Ман, потврдил дека првата експлозија била предизвикана со детонација од автомобил бомба.

И двете експлозии се случиле во области каде што има трговски центри, а во многу од продавниците избил пожар.

Некои од медиумите пренесуваат дека одговорноста за експлозијата во делот на Багдад, каде што живее повисоката класа на Ирачани, ја презела Исламска држава.