Спорт Спорт Свет Во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ го совлада Надал

Во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ го совлада Надал

Во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал со 7:5, 6:3, 6:1. Надал, кој го нарекуваат „крал на земјениот терен“, доживеа прв пораз на Отвореното првенство на Франција, по шест години.

На патот кон титулата која никогаш не ја освоил, Ѓоковиќ го елиминираше најопасниот противник.

Следниот натпревар Ѓоковиќ ќе го игра со британскиот тенисер Енди Мареј или со Шпанецот Давид Ферер.