Македонија Во чест на победата на Трамп, Милошоски ја „преименува“ ВМРО-ДПМНЕ!

Во чест на победата на Трамп, Милошоски ја „преименува“ ВМРО-ДПМНЕ!

Владејачката партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзините симпатизери во земјава по политичка и по друга линија, нескриено го поддржуваа Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во САД.

Задоволството и радоста од победата може да се видат во денешните изјави, во предвидувањата како тоа ќе се одрази на односите со Македонија, но и на изборите во земјава.

Една од поинтересните и „појаки“ реакции на изборот на републиканецот Трамп е објавата на Антонио Милошоски, поранешниот шеф на македонската дипломатија и висок функционер на владејачката партија.

Тој недвосмислено ја изрази својата поддршка и во визуелна и во текстуална смисла и кратенката ВМРО во таа чест ја преименува во „Внатрешна Македонска Републиканска Организација“!