Изградбата на фабрика на италијанската компанија „Монтанте груп“, која произведува механички делови, ќе почне во јануари во Бунарџик, а се очекува да бидe готова до средината на 2016 година.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека во првата фаза се предвидува да бидат инвестирани 10 милиони евра и во компанијата да се вработат 100 луѓе, а во наредните фази нивниот број да се зголеми од 350 до 400.
– Компанијата ќе произведува софистициран производ од најновата и најнапредната технологија и се очекува извозот во првата фаза да надминува 30 милиони евра годишно – рече Мизо.
Фабриката ќе се гради во неколку фази, на локација со површина од 49.000 квадратни метри.