Свет Балкан Во Бугарија почна кампањата за претседателските избори

Во Бугарија почна кампањата за претседателските избори

Изборната кампања во Бугарија за претстојните претседателски избори, изборите за потпретседател и за националниот референдум, официјално почна денеска.

Во борбата за претседател и за потпретседател на Бугарија се борат 21 пар, кои се поддржани од партиите и од коалициите.

Според Изборниот законик, објавувањето анонимни материјали поврзани со изборната кампања е забрането.

Државата овозможува средства за медиумите во висина од 40.000 лева.

На шести ноември ќе се одржи и национален референдум. Прашањата што ќе им бидат поставени на бугарските граѓани се: Дали поддржувате заменици да бидат избрани со мнозински систем? Дали поддржувате изборите да бидат задолжителни? Дали го поддржувате намалувањето на субвенции?