Свет Во бомбашки напад во Пакистан загина лидер на секуларна национална партија

Во бомбашки напад во Пакистан загина лидер на секуларна национална партија

Во бомбашки напад на едно возило во југозападниот дела на Пакистан утринава загинаа еден од лидерите на секуларната национална партија Авами, Абдур Разак, и неговиот брат, соопштија пакистанските власти.

Нападот се случил во градот Харнаи, околу 200 километри северно од Квета, главниот град на покраината Белуџистан.

Засега никој не ја презема одговорност за нападот и не е познато дали бомбата претходно била поставена во автомобилот.

Националната партија Авами се противи на исламистичките милитанти поради што честопати е мета на напади.