Свет Балкан Во БИХ уапсени две лица осомничени за тероризам

Во БИХ уапсени две лица осомничени за тероризам

Полициските службеници на босанската Државна агенција за истрага и заштита (СИПА) вчера на меѓународниот аеродром во Сараево ги лишила од слобода лицата со иницијали М.С. (1972) од Грачаница и O.A.K. (1970) од Босанска Дубица, откако биле испорачани од Турција.

Двете лица се уапсени по наредба на обвинителството на БИХ, поради извршено кривично дело организирање терористички групи.

Наведените лица се осомничени дека изминатиот период престојувале на сириските боишта, каде учествувале во вооружените судири на страна на милитантната организација Исламска држава.