Свет Балкан Во Белград пронајдено оружје и експлозив

Во Белград пронајдено оружје и експлозив

Српската полиција вечерва во гаража во Белград пронашла украден автомобил, автомат „хеклер“ и муниција, јавува дописникот на „Мета“ од Белград.

Како што соопшти српското МВР, пронајдени се 400 грама експлозив, детонатор, два мобилни телефона за далечинско активирање на експлозивот, како и пиштол.

РТС јавува дека оружјето и муницијата, како и украдениот автомобил се пронајдени во рамки на истрагата за оружјето што во саботата беше пронајдено во близина на семејната куќа на српскиот премиер, Александар Вучиќ.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, вечерва изјави дека во истрагата досега се евидентирани 97 „безбедносно интересни лица“, а досега се сослушани 37 од нив.