Свет Балкан Во Белград денеска се одржува „Парада на гордоста“

Во Белград денеска се одржува „Парада на гордоста“

Во Белград денеска се одржува „Парадата на гордоста“. Учесниците ќе тргнат од Славија и ќе се движат до плоштадот Република.

Како што е најавено, една минута молк ќе биде посветена за ЛГБТ-заедницата во целиот свет.

Учеството на „Парадата на гордоста“ најави и српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Ана Брнабиќ, а министерката Славица Ѓукиќ-Дејановиќ рече дека ќе учествува на парадата доколку обврските ѝ го дозволат тоа.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека на „Парадата на гордоста“ ќе бидат ангажирани доволен број полицајци, кои ќе ја осигураат безбедноста на белградските улици.

– Ова и понатаму е собир од висок ризик и сакам да ги замолам сите сограѓани да се воздржат од насилства. Важно ни е никој да не мисли дека со уривање и со палење на градот и со судири со полицијата ќе се постигне некаков ефект – истакна Стефановиќ.