Свет Во Австралија паника од масовна зараза со ХИВ од стоматолошки ординации

Во Австралија паника од масовна зараза со ХИВ од стоматолошки ординации

Повеќе од 11.000 лица денеска повикаа австралиските здравствени власти да се тестираат поради можна и многу веројатна зараза со ХИВ.

Почнувајќи од лани во ноември, најмалку во 12 стоматолошки ординации инспекторите откриле дека хигиената и несоодветната стерилизација на инструментите се потенцијални извори за зараза со ХИВ и со хепатит.

Досега нема докази дека неколкуте детектирани нови случаи на заразени со ХИВ имаат директна врска со интервенциите во стоматолошките ординации, но имало повеќе случаи на заболување од жолтица, кои можат да се поврзат со инфицирање при посета на забарски амбуланти.