Свет Во антитерористичка акција, САД убиле и двајца заложници

Во антитерористичка акција, САД убиле и двајца заложници

Еден државјанин на САД и еден Италијанец, кои биле држени од Ал каеда како заложници во погранична област меѓу Пакистан и Авганистан, загинале во антитерористичка операција на силите на САД, изведена со дронови, во јануари оваа година, соопшти денеска Белата куќа, пренесуваат светските медиуми.

Во операцијата биле убиени американскиот лекар Ворен Вајнштајн и Италијанецот Џовани Ло Порто.

Од Белата куќа соопштиле дека во нападите се убиени и двајца други американски државјани, за кои постојат сомневања дека биле припадници и дел од високите структури на Ал каеда.

Американскиот претседател, Барак Обама, денеска изјавил дека презема „целосна одговорност“ за антитерористичката операција во јануари и изразил длабоко жалење поради смртта на недолжните цивили.