Забава Внуката на Морган Фриман избодена до смрт на Менхетан

Внуката на Морган Фриман избодена до смрт на Менхетан

Внуката на американскиот актер Морган Фриман, ноќеска е пронајдена избодена до смрт на улица на Менхетан во Њујорк.
Полицијата околу три часот по полноќ добиле повил за помош, а потоа ја пронашле Едина Хајнс (33), со повеќекратни прободни рани на градите. Прогласена е за мртва во болница во Харлем.

Полицијата привела 30-годишен маж, за кој се вели дека бил во врска со Хајнс. Сепак, засега не е покренато никакво обвинение.

Актерот Морган Фриман објави соопштение во кое се наведува дека „светот никогаш нема да ја спознае нејзината уметничка вештина и талент, ниту колку таа имала да понуди“.

Хајнс студирала глума и била вклучена во подучување на градската младина.

Фриман ја посвоил мајка и на Едина Хајнс за време на првиот брак со Џенет Адер Бредшо.