Македонија ВМРО-ДПМНЕ жали за навредите кон екипата на ТВ24, можно е да станува...

ВМРО-ДПМНЕ жали за навредите кон екипата на ТВ24, можно е да станува збор за уфрлени провокатори

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, со физичко или вербално спречување или заплашување на новинарски екипи. Посочениот инцидент не е забележан ниту создаден од лицата кои се организатори на илјадниот митинг“, се вели во соопштението на партијата

фото: ВМРО-ДПМНЕ (Фејсбук)

ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кој новинарска екипа на ТВ 24 беше нападната од едно лице за време на вчерашниот партиски митинг пред Владата. Од партијата тврдат дека посочениот инцидент не бил забележан ниту создаден од лицата кои биле организатори на митингот.

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, со физичко или вербално спречување или заплашување на новинарски екипи. Посочениот инцидент не е забележан ниту создаден од лицата кои се организатори на илјадниот митинг“, се вели во соопштението на партијата.

Од таму велат дека жалат за навредите кон новинарската екипа на ТВ 24 и го осудуваат однесувањето на поединецот што упатил навреди, но укажуваат и на можноста за „уфрлени провокатори“ за предизвикување на инцидент.

Според изјавата на новинарската екипа на телевизијата, за време на синоќешниот прв партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на агресивно лице имало непријатен инцидент кој ја загрозил безбедноста на новинарката Елизабета Дамјановска и снимателот. Лицето најпрво започнало да ја навредува и омаловажува телевизиската екипа упатувајќи погрдни зборови и пцости општо за сите новинари, а потоа ова ескалирало и со закани кон нив со што предизвикал чувство на страв и несигурност.

Новинарска екипа на ТВ24 нападната на митингот на ВМРО-ДПМНЕ