Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Законот што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен

ВМРО-ДПМНЕ: Законот што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен

Зоран Заев и Талат Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека „ова е реакција на амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние во врска со насилничкото и недемократско носење на штетниот закон за двојазичност.“

„СДСМ го погази Деловникот за работа на Собранието. Владејачкото мнозинство ја спречи амандманската расправа и насилно го прогласи неуставниот закон за двојазичност за изгласан. СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и пратениците и на сила истурка закон без да го испочитува правото на пратениците со амандмани да интервенираат во истиот“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „законот ваков каков што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот закон е неприфатлив.“

„Насилното гласање е одлика на недостатокот на демократски капацитет на оваа власт. СДСМ покажа дека не знае да менаџира со државата за доброто на граѓаните. СДСМ во изминатава година демонстрираше насилие, незнаење, расипништво и злоупотреба на законите и институциите“, се додава во соопштението.