Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да креира нестабилност во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да креира нестабилност во Македонија

Прес-конференцијата на Зоран Заев е само продолжување на сценариото за креирање нестабилност во Македонија, за манипулирање со јавноста и за насилно преземање на власта, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е добар извршител на желбата на странските центри, без при тоа ниту еднаш да се запраша каква и колкава штета ѝ нанесува на сопствената држава. Напротив, свесен е дека нанесува штета на Македонија и продолжува. Нормално, денеска  не слушнавме и веројатно од Заев никогаш нема да слушнеме за спрегата на Заев и на СДСМ со опозициските новинари, дебело финансирани од негов личен џеб и од страна на фондацијата на Сорос, како и за групата невладини организации кои гравитираат околу опозицијата, а кои во меѓусебна спрега организирано дејствуваат заради реализација на сопствените цели – пишува во соопштението на владејачката партија.