Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека Сорос раководи со СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека Сорос раководи со СДСМ

Зоран Заев и денеска потврди дека тој не е претсeдател на СДСМ и дека неговата партија ја раководи фондацијата на Сорос, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Колку повеќе разбира дека му е пропаднато сценариото, толку станува понервозен. Неслучајно Заев, денеска ги наброја невладините организиации кои работат за Сорос, но и директно за СДСМ, па подоцна врз база на едно договорено сценарио, истите тие треба да излезат и да го потврдат тоа што тој го говореше и да се прикaжуваат за жртви. Ова е крајно провидно и смешно сценарио, кое се претвори во очаен обид да се спаси личната кариeра на Заев, раководството на СДСМ и кариерите на платениците на Сорос. Граѓаните на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и Бошњаци, веќе сите гледаат дека целта на Зоран Заев е да ја наруши стабилноста на Македонија, да ги наруши мирот и меѓуетничките односи, да предизвика штетни економски последици од неговото политичко дејствување. Но, прочитан е и од меѓународната заедница, која го гледа неговото  темно сценарио, со кое сака да се добере на власт без избори и без поддшка од граѓаните. Стратегијата на Заев базирана на пишман-изјави го покажаа неговиот личен капацитет и пред домашната, но и пред меѓународната јавност“, се вели во реакцијата на владејачката партија.