Галерија ВМРО-ДПМНЕ со протести против дивите депонии и загадувањето во Скопје (фото)

ВМРО-ДПМНЕ со протести против дивите депонии и загадувањето во Скопје (фото)

Фото: Арбнора Мемети

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје протестираше под мотото „Загадувањето убива кога власта е неспособна – Стоп за депониите“. Само дваесетина луѓе се собраа во скопската населба Злокуќани, на улицата „Скупи“ во Општина Карпош, за да го искажат својот револт за негрижата за загадениот воздух и дивите депонии од страна на власта.

„ВМРО-ДПМНЕ апелира власта под итно да престане со загрозување на животната средина. СДСМ откако е на власт тажната слика за Македонија се дивите депонии по градовите“, потенцираа од оваа партија.

Покрај во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ денеска протестираше и во Општина Гази Баба кај некогашната депонија Вардариште, додека во вечерните часови од партијата ќе одржат протести под истото мото и во Струга, Тетово и Неготино.