Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Со приближување на изборите паниката кај СДСМ се зголемува

ВМРО-ДПМНЕ: Со приближување на изборите паниката кај СДСМ се зголемува

Со ниедна лага, СДСМ веќе не може да го покрие стравот од соочувањето со граѓаните на избори, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод изјавата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски за фантомските гласачи во избирачкиот список.

Од владејачката партија велат дека, „десет години по ред разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е околу 200.000 гласови и СДСМ многу добро знае дека не ја уживаат поддршката кај граѓаните.“

– Затоа, Заев и Шеќеринска прво се трудеа да ги излажат граѓаните дека имало 500.000 фантоми, па 450.000 фантоми, па 300.000 фантоми. На крај манипулациите од СДСМ се сведоа на околу 30.000 спорни гласачи главно од петта и шеста изборна единица – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека со приближувањето на изборите, паниката и стравот во редовите на СДСМ се повеќе се зголемуваат.