Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов e новата Радмила Шекеринска

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов e новата Радмила Шекеринска

Милионерот Петре Шилегов во изборната кампања на СДСМ донирал 60.000 денари или тројно помалку од парите кои на партијата великодушно и ги дале невработениот студент Ивана Туфегџиќ и соросовиот платеник Павле Богоевски, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „Шилегов, за разлика од Туфегџиќ и Богоевски кои повеќе време минаа одработувајќи за СДСМ на терен, имал повеќе време да заработи за себе.“

– За две години, според јавно достапните податоци, успеал да стане побогат за дури 200.000 евра, подновувајќи се со три станови за две години. Според сите индиции, Шилегов е новата Радмила Шекеринска која е позната по тоа што си изнајмува сама на себе станови за 5.000 евра – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.