Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска подготвена да ги продаде и нацијата и државниот интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска подготвена да ги продаде и нацијата и државниот интерес

Жедна и гладна да се фати за фотелја, Радмила Шекеринска е подготвена е да ги продаде и нацијата и државниот интерес, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на заменик-претседателката на СДСМ.

Партијата вели дека прифаќањето на албанската платформа од страна на СДСМ и сокривањето од јавноста на договореното со трите албански партии е поради тоа што договорот е против интересите на Македонците и на државата.

„Народот е мудар и сфаќа дека Шекеринска и СДСМ го кријат договорот затоа што тој содржи елементи кои се спротивни на националните и државни интереси. Ниедна празна изјава на Радмила Шекеринска нема да ја намали загриженоста на граѓаните за иднината на Република Македонија. Радмила Шекеринска го прави и денеска тоа што најдобро знае и го практикува две и пол децении, да ја манипулира јавноста за политичка корист“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.