Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Се додека Заев е премиер нема датум за преговори со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека Заев е премиер нема датум за преговори со ЕУ

Владата на СДСМ пак излажа, датум за преговори со ЕУ и оваа година нема, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ сега и со промена на име на државата нема да почне преговори поради тоа што нема реформи. Заев треба да знае дека во ЕУ не се оди со партизирана администрација и непотизам од енормни размери. Се додека Заев е премиер Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека во ЕУ не се оди со „руинирано здравство и лошо образование, со јавен долг кој за една година порасна за над половина милијарди евра, со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници, со рекет на бизнисите и ограбување на граѓаните.“