Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во наредната година ќе ја зголеми цената на струјата

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во наредната година ќе ја зголеми цената на струјата

СДСМ и Заев промовираат популистички потег, единствено за да ги изманипулираат граѓаните и да добијат некој глас повеќе на локалните избори, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев за воведување дополнителни два часа евтина тарифа на електрична енергија.

„СДС во наредната година ќе ја зголеми цената на струјата. Со либерализација на пазарот на електрична енергија која планира да ја воведе владата на СДС, сметките на граѓаните за електрична енергија ќе се зголемат, за најмалку 20 отсто. Тоа е многу повеќе од спектакуларно најавеното воведување на двочасовна евтина тарифа, која повторно ќе ја платат граѓаните, но на друг начин“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ граѓаните треба да бидат свесни дека многу брзо после локалните избори ќе имаат повисоки сметки за електрична енергија.

Од партијата додаваат дека со либерализацијата на пазарот корист ќе имаат само лоби групите блиски на СДС кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електрична енергија.