Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше реформи а донесе деструкција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше реформи а донесе деструкција

СДС седум месеци работи спротивно на интересите на граѓаните на Република Македонија, ветуваше реформи, а донесе деструкција, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Реформите кои ги најавуваше СДС испукаа како балон. Антидржавни договори, политички прогон на неистомисленици, монтирани судски случаи, криминал на улиците, здравство без министер, сомнителни тендери на претставници од власта, загаденост на воздухот од невидени размери и непотизам се одликите на хунтата во Македонија. Граѓаните заслужуваат демократија. Граѓаните имаат потреба од институции кои го спроведуваат законот, а не злоупотребуваат. Граѓаните заслужуваат правна држава базирана на современите демократски принципи“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека владеењето на правото и правната држава, демократски институции и еднаквост за сите мора да има и дека секој кој се обидува да ги уништи овие принципи ќе сноси одговорност кога партијата ќе дојде на власт.