Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фаќа во сопствените лаги

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фаќа во сопствените лаги

Зоран Заев и СДСМ со секој нов ден продолжуваат со одработување во полза на странските центри преку објавување креирани материјали со кои нанесуваат директна штета на државните интереси и на граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов.

„СДСМ е целосно посветена на ова сценарио бидејќи сметаат дека само така може да дојдат на власт, без програма, без проекти и идеи, на мала врата, преку одработување на туѓи сценарија и агенди. Ваквите панични изјави и прес-конференции како денешната, само ја докажуваат неуверливоста на СДСМ и фактот дека самите се фаќаат во сопствените лаги. Шилегов денеска имаше улога да ги покрие лагите што станаа видливи и контрадикторностите на неговиот лидер Заев“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека додека Заев и СДСМ го трошат своето време на одработување туѓи сценарија, а ВМРО-ДПМНЕ го посветува целото свое внимание на проекти, идеи и на предлози што се од полза на реалните потеби на граѓаните и ќе продолжи да работи на подобрување на условите за живот и на стандардот во Република Македонија.