Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно е во кавга со бројките и со фактите

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно е во кавга со бројките и со фактите

Во 2006 година во Радовиш и во околината имало 4.464 вработени, а денес бројот на вработени е зголемен речиси за 50 отсто и изнесува 6.268 лица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Жителите на општина Радовиш добро го паметат СДСМ во чие време се затворени неколку големи фирми. Жителите на општина Радовиш знаат дека поради деструктивната политика на СДСМ, од општина Радовиш се иселија младите. Ова се бројките и фактите поради кои СДСМ е во паника и се служи со лаги и со манипулации. За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ постојано работи и вложува во општина Радовиш. СДСМ нема лице да зборува за инвестиции кога единствената нивна успешна економска приказна е менувачницата на Вицето. Бројот на странски инвестиции во нивно време е нула. Бројот на избркани луѓе на улица е 200.000“, пишува во реакцијата на владејачката пртија.