Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос предизвикаа штети од десетици милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос предизвикаа штети од десетици милиони евра

„СДСМ и Сорос две години дивееја уништувајќи сè пред себе. Предизвикаа штети тешки десетици милиони евра, палејќи и демолирајќи сè што ќе им се најде во близина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „бандите на СДСМ и на Сорос се надеваа дека со пари и со помош однадвор, ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат до власт и ќе продолжат со својот деструктивен поход, минувајќи неказнето.“

– Деструкцијата на платениците на Сорос е прочитана секаде. Следува време на десоросоизација – се додава во соопштението.