Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги користи трагедиите на луѓето за политички цели

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги користи трагедиите на луѓето за политички цели

ВМРО-ДПМНЕ, апелира до СДСМ да не користат лични трагедии за политички цели

СДСМ продолжува на крајно нечовечки начин да ја злоупотребува трагедијата за да добие некој ситен партиски поен, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата во која СДСМ побара оставки од министерот за одбрана, Зоран Јолевски и од началникот на Генерал-штабот, Горанчо Котевски.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до СДСМ да не користи лични трагедии за политички цели бидејќи, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, тое е крајно безобразно и политички долно однесување.

– СДСМ свесно, со обвинувањата фрла кал врз Армијата на Република Македонија, која со години има и гради доверба и кај народот, но и кај нашите партнери во НАТО – наведено е во реакцијата.

Од владејачката партија ги повикаа институциите да ги расветлат сите околности под кои се случи убиството во Злетово.