Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги изневери очекувањата дека ќе се посвети на граѓанските иницијативи

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги изневери очекувањата дека ќе се посвети на граѓанските иницијативи

„Никакви нарачки до СЈО нема да им помогнат на Зоран Заев и на СДС да ги дефокусираат граѓаните од реалноста во која тие очекуваат од СДС да почнат да работат и да ги реализираат ветувањата што им ги дадоа“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „Заев нема да може вечно да ги прикрива неработењето и неспособноста преку црни кампањи против ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му ги води Катица Јанева.“

„Ќе дојде моментот кога Заев ќе биде прашан каде се ветените проекти и мерки. Од голиот популизам, укинувањата, блокирањата и од најавите за уривање не се подобрува стандардот. СДС во текот на изборниот период ветуваше дека ќе го слуша гласот на граѓаните и дека нивните потреби ќе бидат пред сè. СДС сега доби шанса да го стори тоа со граѓанскиот предлог за зголемување на периодот на породилно отсуство за мајките од 9 на 18 месеци. СДС ги изневери очекувањата и ветувањата дека ќе се посвети на граѓанските иницијативи“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има слух за граѓаните и за нивните потреби и дека ја поддржа иницијативата.