Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДС никогаш не работел според европски вредности

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никогаш не работел според европски вредности

„Криминалецот Заев и криминогеното раководство на СДС никогаш не работеле по европските вредности“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Денот на Европа.

Во соопштението на партијата се додава дека единствените вредности по кои работеле Зоран Заев и СДСМ, „се вредностите на мафијата и на подземјето“.

„СДС и Зоран Заев ниту можат, ниту знаат како да ги застапуваат и да ги промовираат европските вредности во Македонија. Криминалното богатење со осум милиони евра, во случајот „Глобал“ не е европска вредност. Напади врз сопствената полиција, институции и држава не се европски вредности“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.