Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не бега и да не се плаши од распишување...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не бега и да не се плаши од распишување на локалните избори

„Ја повикуваме СДС да не бега и да не се плаши од распишување на локалните избори. Граѓаните на Република Македонија не смее да ја плаќаат сметката за стравот на СДС да се соочи со одговорноста од нивната антидржавна и деструктивна политика“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, во кое ја повика опозициската партија да овозможи формирање на собраниските комисии.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на граѓаните треба да им се овозможи да имаат функционална самоуправа која ќе ги реализира проектите од нивен интерес.

„Врхушката на СДС да не се обидува да го сокрие криминалот зад измислени аргументи. На последните избори ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата доби најмногу гласови и е претставник на најголем број граѓани. Уставно загарантирано право на граѓаните е да имаат функционална локална самоуправа и СДС не смее да го ускратува тоа право“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.