Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Преку законски постапки ги купивме седиштата на општинските комитети

ВМРО-ДПМНЕ: Преку законски постапки ги купивме седиштата на општинските комитети

Седиштата за општинските комитети низ земјава, во кои нашите членови би имале елементарни услови за работа, ВМРО-ДПМНЕ ги купи преку транспарентна и законска постапка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на СДСМ, на која ги обвинија дека за неполни две години купиле 63 објекта.

– СДСМ е партија која наследи огромен имот од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија. До денес, тие користат имот кој е граден со пари од сите граѓаните и за тоа не дале никаква сметка и не понеле никаква одговорност – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев.