Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Плоштадот е јавна површина, не сопственост на партии

ВМРО-ДПМНЕ: Плоштадот е јавна површина, не сопственост на партии

„Плоштадот кој треба да се изгради не е сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ или на која било друга партија. Станува збор за јавна површина која ја користат граѓаните“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

На истиот тој плоштад, се посочува, се наоѓаат и просториите на општинската организација на СДСМ-Центар и на неколку други политички партии, се наоѓаат државни институции и згради на министерства.

– Плоштадот за кој говори СДСМ, до скоро беше запуштено место, а со градењето на овој плоштад, катната гаража и на новите објекти, ќе се заокружи целосното облагородување на овој простор. Самиот простор се наоѓа во строгиот центар на градот, на десетици метри од Плоштадот Македонија и од улицата Македонија и е крајно неодговорно ваков простор да се остави запуштен – се вели во реакцијата.